CARRIER TOSHIBA Презентација – Винарија Кралица Марија Д.Капија 2024

На 09.04.2024 вторник во Винарија Кралица Марија Д.Капија се одржа најочекуваниот настан од HVAC индустријата во Македонија – Toshiba Carrier 2о24 годишна презентација. 

Пред повеќе од 150 учесници, партнери на компанијата Енергија, дистрибутери, проектанти, инженери, архитекти и градежни компании се презентираше програмата на Toshiba Carrier за 2о24 година: инвертер клима уреди, топлински пумпи, Мулти системи, VRF системи, чилери, вент.конвектори итн. Учество на презентацијата земаа Robert Horvat - Toshiba Key Account Manager, Bernd Taucher Toshiba Sales Manager, Marko Pribanic – Toshiba Technical Expert, Grigoris Konstas - Carrier Area Sales Manager како и сопствениците на компанијата Васил Цицонков и Самоил Цицонков со најава што ќе биде ново во Енергија во следниот период.

Посебен акцент се стави на:

  • Toshiba Product overview 2024/25 ESTIA топлински пумпи, RAS high performance inverter клима уреди, USX Edge 150 ÷ 25600 kW inverter чилер/топлинска пумпа
  • Carrier Product overview 2024/25 уреди за резиденцијална и централна климатизација, (RLC & BSS), Carrier technology Benchmark

Своја презентација имаше и Игор Панчевски – Технички експерт за Македонија кој ги презентираше можностите за GEFF зелени кредити со грант финансирање на Toshiba Carrier системите со топлински пумпи.

Во самата сала за презентации беа изложени голем број на Toshiba Carrier инвертер уреди и топлински пумпи каде на лице место присутните можеа да се запознаат со најновите модели и нивниот висок квалитет на изработка.

Во склоп на презентацијата организирано беше и разгледување на историската винарија Кралица Марија,  запознавање со нејзината богата историја, разгледување на технологија на производство на вино (подрум за зреење вино, барик вино).

На самиот настан присутните учествуваа во наградна игра со голем број на подароци – честитки до добитниците.