Carrier Toshiba презентација 2014 година

На 25.04.2014 се одржа традиционалната годишна презентација на Енергија за Carrier Toshiba производите во просториите на винарија Стоби во Градско.

Во присуство на над 90 претставници од поголемите и водечки компании во Македонија, беа претставени најновите системи за греење и ладење на Carrier Toshiba корпорацијата.

Посебен акцент се стави на:

  • Toshiba уреди за централна климатизација, греење и ладење, новости во технологија и опремата.
  • Carrier уреди за централна климатизација, греење и ладење, новости во технологија и опремата.
  • Тoshiba Carrier A2W/A топлински пумпи– Заштеда на енергија со воздушно ладени топлински   пумпи и Efergy on-line мерач на потрошувачка на електрична енергија.
  • Case Study– Примери со споредби за заштеда на енергија со Toshiba Carrier топлински пумпи.
  • Stulz– Системи за ладење на IT простории со Close Control Units.
  • Enegija low energy buildingнов модерен продажен салон.

Во склоп на презентацијата организирано беше и разгледување на винаријата Стоби и запознавање со нејзината најмодерна технологија на производство на вино на Балканот (подрум за зреење вино, барик вино).

Презентираните производи се најголемите достигнувања во поглед на ефикасноста на системите за греење, ладење и климатизација и се наменети како за поголеми комерцијални објекти така и за помали резиденцијални куќи и станови.

Сите информации околу производите може да се добијат во Енергија доо кој е единствен овластен застапник за Carrier Toshiba за Македонија.

20140425_113238_resized      20140425_103505_resized_1 20140425_120037      20140425_124238 IMG_2270      IMG_2281 IMG_2328      IMG_2339 IMG_2345      IMG_2372 IMG_2377      20140425_142045(0) 20140425_141936      20140425_141345