На 25.04.2014 се одржа традиционалната годишна презентација на Енергија за Carrier Toshiba производите во просториите на винарија Стоби во Градско.
Во присуство на над 90 претставници од поголемите и водечки компании во Македонија, беа претставени најновите системи за греење и ладење на Carrier Toshiba корпорацијата.
Посебен акцент се стави на:
- Toshiba уреди за централна климатизација, греење и ладење, новости во технологија и опремата.
- Carrier уреди за централна климатизација, греење и ладење, новости во технологија и опремата.
- Тoshiba Carrier A2W/A топлински пумпи– Заштеда на енергија со воздушно ладени топлински пумпи и Efergy on-line мерач на потрошувачка на електрична енергија.
- Case Study– Примери со споредби за заштеда на енергија со Toshiba Carrier топлински пумпи.
- Stulz– Системи за ладење на IT простории со Close Control Units.
- Enegija low energy building – нов модерен продажен салон.
Во склоп на презентацијата организирано беше и разгледување на винаријата Стоби и запознавање со нејзината најмодерна технологија на производство на вино на Балканот (подрум за зреење вино, барик вино).
Презентираните производи се најголемите достигнувања во поглед на ефикасноста на системите за греење, ладење и климатизација и се наменети како за поголеми комерцијални објекти така и за помали резиденцијални куќи и станови.
Сите информации околу производите може да се добијат во Енергија доо кој е единствен овластен застапник за Carrier Toshiba за Македонија.