Енергетски штедлива зграда

E2 ЕНЕРГИЈА Енергетски Штедлива Зграда

 

Вистинско искуство со користење на TOSHIBA CARRIER inverter воздух/вода топлинскa пумпa, бенефит од користење на високо развиена енергетски ефикасна технологија за греење и ладење и припрема на санитарна топла вода.

Системот е базиран на високо ефикасната Super Digital Inverter технологија која ја има развиено Toshiba посебно за овој тип на системи. Греењето се одвива преу систем на подно греење во комбинација со радијатори, ладењето е со вентилаторски конвектори, припремата на санитарна топла вода е преку соларни панели и во облачни денови преку топлинската пумпа.

Комплетна контрола на целиот систем преку една контролна единица. Toshiba контролерот може да се инсталира во било која просторија, едноставно бирање на посакуван режим на работа (греење/ладење/санитарна топла вода). Контролерот овозможува мониторинг, контрола и управување на сите важни компоненти во инсталираниот систем како и контрола на вентили, бирање на посакуваната температура, двозонски режим на греење/ладење. Уредот има опција за програмабилен термостат со можност за поставување на неделен распоред на работа на топлинската пумпа.

 

Овој систем овозможува неспоредлива ниска потрошувачка на енергија за ладење и греење на просторот со високо ниво на комфор за корисниците. Целосната потрошувачка на електрична енергија се мери во реално време преку Efergy мерач. Добиените резултати се анализираат и се прави проесек на потрошувачка по m2 станбена површина. За период од неколку години просекот изнесува 30ден/m2 месечно, за најстудените месеци од грејната сезона додека просекот за ладење и греење и санитарна топла вода изнесува 10 ден/m2 за цела година.

Во 2023 година системот е проширен со инсталација на соларна централа за производство на електрична енергија за потребите на објектот. Системот се состои од BiSol монокристални PV панели 380Wp и SolaX X3-Hybrid 15 kW инвертер систем кои во голем период од денот ги задоволуваат потребите од електрична енергија на зградата.

За детални информации што содржи системот и кои се вредностите на потрошувачка на електрична енергија преземи ја Е2 House брошурата.