За нас

Енергија доо е формирана во 2005 година како компанија за продажба, проектирање и изведување на системи од областа на климатизација, ладење и греење. Следејќи ги светските стандарди и трендови и имплементирајќи ги во секојдневното работење Енергија континуирано го зголемува бројот на клиенти. Денес Енергија е препознатлива компанија во Македонија која асоцира на стручност, квалитет, професионалност и ефикасност. Во Енергија водиме сметка за потребите на своите клиенти, ги слушаме нивните потреби и заеднички соработуваме да го достигнеме најдоброто решение. Тимот на Енергија ви стои на располагање околу вашите планови за набавка на опрема од светските производители на ладилници на течност (chiller-и), вентилаторски конвектори (fan coil), клима комори, клима уреди, топлински пумпи, компресори за индустриско ладење, кондензатори итн. Нашата дејност опфаќа климатизација на јавни и административни објекти, спортски и комерцијални центри, деловни простории, станбени објекти, индивидуални објекти итн. Ладилна опрема во индустријата: ладилници за храна, тунели за замрзнување на разни продукти, кланици, млекарници, пивари, винарии, хемиска индустрија итн.
Во Енергија веруваме дека животот е постојана трка кон нешто подобро во она што го работиме, затоа ние сме посветени во нашата работа која овозможува цврста и лојална врска со нашите клиенти.


Мисија

Овозможување на врвна услуга на своите клиенти притоа земајќи ги во предвид сите аспекти во работата, со цел добивање на квалитетно и ефикасно решение од областа на климатизација, ладење и греење водејќи сметка за оперативните и инвестициски трошоци.


Визија

Континуирана посветеност во достигнување на поголеми цели притоа стремејќи се кон постојан раст, надминувајќи ги очекувањата на нашите клиенти и создавајќи подобри услови во средината во која живееме.


 

Продажни центри


Енергија доо во 2019 година го отвори својот нов продажен центар во комерцијалната зона во Скопје Визбегово - стар Качанички пат.

Поради зголемениот обем на работа и континуираниот раст, се наметна потребата од нов објект каде ќе функционираат сите оддели на компанијата на едно место. На површина од 2000m2, во нов модерен објект со нов продажен салон, кацелариски простории, инженеринг одделение, магацин и сервисен центар со сопствен паркинг простор за посетители и клиенти, каде може да се погледнат најновите модели на инвертер клима уреди, топлински пумпи, мулти системи, VRF системи, вентилаторски конвентори итн. Посебен акцент е ставен на делот со топлински пумпи каде може да се видат во услови на работа најновите модели на топлински пумпи и да се симулираат различни услови на користење, како и целосно следење на потрошувачката на електрична енергија.

Сервисниот центар е комплетно опремен со најновите алати и инструменти со сервис станици за тестирање и поправка на различни типови на уреди. Мал магацински простор за делови, кои се веднаш достапни за итни сервисни интервенции. 

Магацински простор (во изградба) од преку 400 палетни места за голем лагер и брза испорака на најбараните уреди за климатизација од Toshiba, Carrier и Haier, како и материјали за монтажа на опрема за климатизација.

Од 2022 година, Енергија доо има сопствена фотоволтаична централа со BiSol соларни панели + SolaX hybrid inverter + SolaX батерии за складирање на електрична енергија и тотална независност на објектот со целосно интегрирање на топлинска пумпа и Mini VRF системот за греење и ладење (повеќе).

Тимот на инженери на Енергија доо Ви стои на располагање за презентација на придобивките од користење на енергетски ефикасни решенија за Вашите објекти за греење/ладење/СТВ + PV системи.

Дојдете на вкусно кафе + презентација + корисни совети со обезбеден паркинг простор во Енергија Визбегово.

 

 


Продажниот салон Тафталиџе и E2 Енергија енергетски штедлива зграда се наоѓаат на улица Лондонска спроти Skopje City Mall. Изложбен салон со најновите модели на инвертер клима уреди Toshiba, Carrier и Haier и мулти системи.

Презентација на повеќе од 40 последните модели на најпознатите светските брендови на едно место. Работни денови од понеделник до сабота.

E2 Енергетски штедлива зграда (Е2 House) е информативен центар со inverter TOSHIBA CARRIER воздух/вода топлински пумпи за греење, ладење и припрема на санитарна топла вода за станoви. Мониторинг на потрошувачката на електрична енергија во реално време преку Efergy мерач.

Енергија доо во 2023 година реализираше инсталација на PV соларна фотоволтаична централа. Приказ на еден цел модерен систем за греење/ладење и санитарна топла вода со соларен систем + фотоволтаичен систем со PV соларна централа за производство на електрична енергија. 

Закажи презентација и увери се во бенефитот од TOSHIBA CARRIER топлинските пумпи.