PV фотоволтаична централа во Енергија доо
ЕНЕРГИЈА ➕️ ФОТОВОЛТАИЦИ ➕️ ИНВЕРТЕР ➕️ BATTERY STORAGE
Енергија доо во 2022 година реализираше инсталација на PV соларни фотоволтаични централи на двете свои локации во Визбегово и Тафталиџе. 
Монтираните системи се состојат од:
  • BiSol Monocrystalline Duplex 380Wp фотоволтаични соларни панели дизајнирани и произведени во Европска Унија.
  • SolaX X3-Hybrid-15.0-D G4 three phase hybrid DC/AC инвертер.
  • SolaX LFP Master + Slave Battery T-BAT H батерија за складирање на електрична енергија.
  • On line мониторинг систем за следење на производството на електрична енергија.
  • Интегрирање на системот со Toshiba Estia и Toshiba VRF системите за греење и ладење.
Системот овозможува енергетска независност на двата објекти во погодел дел од денот. Во сончеви денови, производството на електрична енергија освен што се складира во системот на батерии овозможува и одредено количество на kWh електрична енергија да се продава назад на дистрибутерот ЕВН дистрибуција. Системот е целосно интегриран во постоечката електрична мрежа кој автоматски работи и како Off- Grid (кога има потреба од тоа) и On-Grid поради посебната изведба на Solax Hybrid инвертер уредите. Toshiba Estia и VRF системите за греење и ладење во објектите се целосно интегрирани во фотоволтаичната централа со посебна нотификација за системот кога количеството на произведена електрична енергија е доволна за системите. Мониторинг системот на SolaX на кој може да се пристапи преку WiFi апликација со телефон, компјутер или таблет овозможува детална анализа во реално време како и детална статистика за сите произведени, продадени и складирани kWh од фотоволтаичните централи.