Одбојкарскиот клуб „Газели Волеј“
Gazeli Volley и компанијата „Енергија ДОО“ ново партнерство. Потпишувањето на договорот за спонзорство означува почеток на значајна соработка насочена кон поддршка на македонската одбојка, развој на младите спортски таленти и унапредување на условите за тренинг и натпреварување на клубот.
Со овој чекор, „Енергија ДОО“ уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон општествената одговорност и континуираното вложување во спортот и здравите навики кај младите генерации.
Како компанија која препознава вистински спортски дух, професионализам и визија, „Енергија ДОО“ застанува зад амбициозниот колектив на „Газели Волеј“ со цел да даде дополнителен ветер во грб за остварување на уште поголеми успеси во претстојната натпреварувачка сезона.
Поддршката од новиот спонзор доаѓа во клучен момент за клубот и претставува силен мотив за целиот тим пред новите предизвици во првенството.
Во рамките на договорената соработка, логото на AUX Air Conditioner ќе го краси официјалниот дрес на ОК „Газели Волеј“
Gazeli Volley, а двете страни најавуваат и заеднички промотивни активности со кои дополнително ќе се популаризира одбојката меѓу љубителите на спортот.
Со спојување на енергијата на овој реномиран бренд и посветеноста на теренот, ОК „Газели Волеј“
Gazeli Volley и „Енергија ДОО“ започнуваат ново заедничко поглавје со јасна цел – градење на стабилна спортска иднина и освојување на нови победи.