Kostal Automobil Elektrik - Охрид фабрика за автомобилски компоненти

Kostal Automobil Elektrik е најголема дивизија од групата фабрики на Kostal Group со седиште во Германија. Тешко е да се замисли во денешницата дека постои возило во кое нема барем еден дел кој е произведен во некоја од фабриките на Kostal. Со повеќе од 100 годишна традиција Kostal Group спаѓа во 100 најголеми снабдувачи на автомобилската индустрија. Оваа групација во 2016 година ја гради фабриката Kostal Makedonija на локација од поранешната фабрика ЕМО Охрид.  Голема улога во производствениот процес на Kostal имаат системите за ладење. Затоа од особена важност е опремата која е избрана да има високи перформанси во најразлични надворешни услови на работа, висока енергетска ефикасност и висок квалитет. По детални анализи на поголем број понудувачи, за потреби за ладење на својата фабрика во Охрид, Kostal Makedonija се одлучи за Carrier и Енергија како испорачатели на опремата за ладење и климатизација. 


Инсталирана опрема:

  • 3 x Carrier 30XB0600 (воздушно ладени чилери) 3 x 600kW ладење
  • 2 x Carrier 30RQ080R (воздушно ладенa топлинска пумпа) 1 x 75kW греење
  • 18 x Carrier 42QHB/QHC24 inverter клима уреди за сервер соби
  • 1 x STULZ CCU251 клима ормар за сервер соба 1 x 25kW ладење

Најважно во целиот процес на одлука за инвестирање во HVAC опрема за овој објект беше сигурноста, квалитетот и сервисната екипираност за одржување и сервисирање на овој тип на машини. Во текот на целиот процес на проектирање и планирање, тимот на Енергија беше вклучен во изнаоѓање најоптимално и енергетски најефикасно решение за греење и ладење, имајќи ги во предвид високите стандарди коишто треба да се исполнат за функционирање на целиот HVAC систем. Пресудно за одлуката беа квалитетот на опремата, локалниот Carrier Toshiba партнер во Македонија, Енергија доо со својата инженеринг и сервисна поддршка. Целата опрема за ладење и климатизација која е од исклучителна важност за процесот на производство се одржува и сервисира од сервисните тимови на Енергија со годишни договори за одржување.