МИК - Св.Николе месна индустрија

МИК Свети Николе - Месна индустрија и кланица е компанија која се бави со преработка на месо и сувомеснати производи. Претставува една од најстарите фабрики од месната индустрија во Македонија чии почетоци датираат уште од 1950-тите години. Лоцирана е во градот Свети Николе и располага со капацитет за преработка на 800 тони месо со тунел за замрзнување и 300 тони месо за готов производ со комори за одржување на -20⁰C и +4⁰C. Процесот на ладење во секоја месна индустрија е исклучително важен како за самиот процес на преработка на месото така и за коморите во кои треба да се одржува стабилна ниска температура на различни температурни нивоа во коморите во фабриката. Секој ладилен систем во вакви големи месни индустрии е со голем капацитет и затоа освен стабилен функционален систем од голема важност е и потрошувачката на електрична енергија како и кој ладилен медиум се користи. За потребите на комплетно нова машинска соба и комплетно нов ладилен компресорски систем беше изработен термотехнички проект со пресметка на потребен ладилен капацитет за сите комори во фабриката како и нова машинска сала со амонијачни ладилни компресори. По извршена детална анализа на различни понудувачи и производители на опрема, МИК Св.Николе се одлучи довербата да ја довери на GEA Grasso глобален лидер за ладилна технологија на амонијак и Енергија доо како нивен застапник за Македонија.

Инсталирана опрема:

  • 1 x GEA Grasso PB-5B NH3 screw compressor package 1 x 515kW ладење 
  • 1 x GEA Grasso PB-6C NH3 screw compressor package 1 x 160kW ладење 
  • 1 x BAC VXC-S403 евапоративен кондензатор 1 x 1600kW ладење 

Најважно во целиот процес на одлука за инвестирање во ладилната опрема за овој објект беше сигурноста, квалитетот и сервисната екипираност за одржување и сервисирање на овој тип на машини. Во текот на целиот процес на проектирање и планирање, тимот на Енергија беше вклучен во изнаоѓање најоптимално и енергетски најефикасно решение, имајќи ги во предвид високите стандарди коишто треба да се исполнат за функционирање на целиот ладилен систем. Пресудно за одлуката беа квалитетот на опремата, локалниот GEA Grasso партнер во Македонија, Енергија доо со својата инженеринг и сервисна поддршка.