НОВА Меѓународни Училишта

Почетокот на образовната институција НОВА е уште во 1992 година кога е формиран јазичниот институт. Во 1997 година започнува со работа Гимназија НОВА. Во 2010 година престои отварање на нов центар за рано образование и изградба на нов објект за основно и средно училиште. За потребите за ладење и греење на новите административни згради со училишни простории избрани се две топлински пумпи од Carrier серија 30RQ. Системот се состои од воздух/вода топлински пумпи Carrier 30RQ0372 секоја со два посебни фреонски круга со оптимизација на работа на компресорите водејќи сметка за бројот на работни саати како и бројот на стартови на компресорите. Самите машини се испорачани со посебна опција за меко стартување "soft start" на сите компресори за помало оптеретување на електричната мрежа.  


Инсталирана опрема:

  • 2 x Carrier 30RQ0372 (воздух/вода топлинска пумпа) 2 x 370kW греење/ладење

Најважно во целиот процес на одлука за инвестирање во топлинските пумпи на Carrier беше сигурноста, квалитетот и сервисната екипираност за одржување и сервисирање на овој тип на машини. Самиот објект каде се врши образовен процес на деца значи дека мора да се има систем кој ќе функционира непрекинато во текот на целата школска година. Пресудно за одлуката беа квалитетот на опремата, локалниот Carrier партнер во Македонија, Енергија доо со својата инженеринг и сервисна поддршка. Чилерите/топлински пумпи се од исклучителна важност за функционирање на објектите и затоа уредите се одржуваат и сервисираат од сервисните тимови на Енергија со годишни договори за одржување.