Настел градежна компанија која постои уште од 2002 година, во Скопје во 2020 година го гради реномираниот и софистициран Настел Бизнис Центар во срцето на градот на само 100м оддалеченост од плоштадот Македонија. Бизнис центарот се состои од 6 ката и 2 подземни нивоа за паркирање, со вкупно 8470 м2 површина канцелариски и деловен простор за издавање. Водејќи сметка за енергетската ефикасност на објектот како и високото ниво на комфор во објектот, Настел се одлучи за Carrier вода/вода чилери/топлински пумпи за ладење и греење на новиот објект. Имајќи ги во предвид високите барања за енергетска ефикасност, квалитет и долготрајност на опремата за климатизација, изборот беше очигледен - Carrier американски и светски лидер со огромен број на референци за административни модерни објекти низ светот.
Инсталиранa опрема:
Во текот на целиот процес на проектирање и планирање, тимот на Енергија беше вклучен во изнаоѓање најоптимално и енергетски најефикасно решение за греење и ладење, имајќи ги во предвид високите стандарди коишто треба да се исполнат за функционирање на целиот HVAC систем. Пресудно за одлуката беа квалитетот на опремата, локалниот Carrier партнер во Македонија, Енергија доо со својата инженеринг и сервисна подршка.
Веб страницата www.energija.com.mk користи колачиња со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со Вашето присуство на нашата веб страница се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на колачињата прочитајте ја Политиката за колачиња