КОЛЕКТИВНО КУПУВАЊЕ НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ) организира колективно купување на инвертер клима уреди. Компанијата Енергија беше избрана од страна на OPM како еден од добавувачите на квалитетни инвертер клима уреди кои се понудени во колективното купување.
Во продолжение можете да ги погледнете понудените висококвалитетни и енергетски ефикасни инвертер клима уреди. Користејќи го вашиот единствен код, можете да направите купување по специјална цена и посебни услови договорени за вас од страна на Организација на потрошувачите на Македонија. Сите уреди достапни во понудата за колективно купување беа добро оценети на независен меѓународен компаративен тест од организациите на потрошувачи. Резултатите од тестот можете да ги погледнете бесплатно на овој линк.
За да го остварите правото на купување според условите на колективното купување, потребно е да го испечатите или превземете на вашиот мобилен уред, вашиот единствен код којшто го имате добиено на вашиот е-меил при регистрацијата на www.kolektivnokupuvanje.mk
Доколку сè уште го немате кодот, или не сте се регистрирале, направете го тоа по пат на регистрација на веб страницата: www.kolektivnokupuvanje.mk
Регистрирањето е бесплатно, а одлуката дали ќе купите инвертер клима уред е ваша!
Купувањето според условите на колективно купување трае од 10 април 2023 година до 31 мај 2023 година, или додека не се распродадат загарантираните, но ограничени количини. Колективното купување може да се заврши и порано.
ПОНУДАТА И УСЛОВИТЕ ЗА КОЛЕКТИВНО КУПУВАЊЕ ВАЖАТ ИСКЛУЧИВО ЗА СЛЕДНИТЕ ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ:
Најчесто поставувани прашања:
1. Какви клима уреди во однос на моќноста се достапни како дел од колективното купување?
Во рамките на колективното купување, од страна на добавувачот Енергија достапни се два клима уреди – еден со моќност од 2,5 kW и еден со моќност од 3,5 kW.
2. Како да го купам избраниот клима уред од понудите во колективното купување?
Сите потрошувачи кои поднеле бесплатна и необврзувачка апликација за колективно купување на
веб-страницата www.kolektivnokupuvanje.mk , добија линк до веб-страницата за колективно купување преку е-пошта (најавувањето ќе биде потребно со вашата e-пошта и лозинката што сте ја поставиле при реистрирањето за колективно купување), каде ви ги претставуваме клима уредите и цената што ја добивме за вас. Во истиот е-меил, го добивте и вашиот ваучер за купување, што ви овозможува да го остварите вашето право да го купите уредот според условите за колективното купување. Имате можност производот да го купите директно од нашиот продажниот салон, каде ќе ви биде издадена читлива фискална сметка, со целокупната пропратна документација за производот.
3. Може ли да го користам ваучерот за да купам повеќе уреди?
Секој ваучер може да се користи само еднаш за едно купување. Доколку сакате да купите повеќе уреди, слободно контактирајте со нас и поединечно ќе се договориме за можноста за купување повеќе уреди.
4. Може ли пријател да купи со мојот ваучер?
Нема потреба. Вашиот пријател, сè уште може да се пријави за да учествува во колективно купување и веднаш да го добие својот ваучер.
5. Како можам да платам за избраниот клима уред?
Нудиме можност за плаќање врз основа на издадената профактура која се смета како понуда. Можете да платите директно во продажниот салон.
6. Кои документи се вклучени со уредот што го купувам како дел од колективно купување?
Клима уредите се испорачуваат со комплетна документациjа: заверен гарантен лист, упатства за употреба и листа на овластени сервисни центри на клима уредите.
7. Направив купување. Кога можам да очекувам поставување на клима уредот?
Ќе воспоставиме контакт со потрошувачите и ќе договориме термин за монтажа по приемот на уплатата. Во договор со потрошувачот ќе го одредиме очекуваниот обем на монтажа (основна монтажа или проценка на дополнителни работи за време на монтажата кои не се вклучени во основната монтажа). Заради одредување на обемот на монтажата, купувачот може однапред да ни испрати визуелен материјал. Без разлика на локацијата во Република Северна Македонија, инсталацијата ќе биде извршена најдоцна во рок од уште триесет (30) календарски денови по воспоставувањето на контактот, а во подолг период само доколку тоа го предложи купувачот.
8. Што вклучува основната монтажа?
9. Што ако инсталацијата е понапорна и потребна е дополнителна работа?
Доколку заеднички со купувачот утврдиме дека инсталацијата на клима уредот ќе го надмине
опфатот на основната инсталација, ќе се договориме за обемот на дополнителната работа, вклучително и наведување на приближната цена, пред да се изврши инсталацијата. Однапред писмено ќе го известиме купувачот за проценетата цена на дополнителните работи. За дополнителни монтажни работи веднаш по завршувањето на монтажата на купувачот му се издава писмена фактура која купувачот ја плаќа во рок од најмалку 8 дена.
10. Со кого можам да контактирам доколку имам дополнителни прашања за купувањето и нарачката на производот?
Можете да се јавите на телефонските броеви: 02/3061 466 и 02/3061 467, или можете да ни пишете на е-меил адресата: info@energija.com.mk
Веб страницата www.energija.com.mk користи колачиња со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со Вашето присуство на нашата веб страница се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на колачињата прочитајте ја Политиката за колачиња