Приватна Болница д-р Органџиски Штип

Специјална болница по гинекологија и акушерствo Д-р "Органџиски“ е една од првите приватни болници во источна Македонија. Започнува со работа како ординација основана уште во 1992 година. Во 2022 година, после 30 години успешна работа на полето на гинекологија и акушерство, ПЗУ Органџиски Штип ја гради комплетно новата Болница во Штип. Болницата располага со две високо технолошки опремени операциони сали, интензивна нега, родилна сала направена по највисоки стандарди, интензивна соба за бебиња, чекална од 230м2, поликлинички дел, центар за ин витро оплодување, најсовремена стерилизација. За потребите за греење и ладење на новата болница беа избрани Carrier воздух/вода чилери/топлински пумпи 30RQ кои се поврзани во систем master/slave комуникација.


Инсталиранa опрема:

  • 2 x CARRIER 30RQ140R (воздух/вода чилери/топлински пумпи) 2 x 135kW греење/ладење

Во текот на целиот процес на проектирање и планирање, тимот на Енергија беше вклучен во изнаоѓање најоптимално и енергетски најефикасно решение за греење и ладење, имајќи ги во предвид високите стандарди коишто треба да се исполнат за функционирање на целиот HVAC систем. Пресудно за одлуката беа квалитетот на опремата, локалниот Carrier партнер во Македонија, Енергија доо со својата инженеринг и сервисна подршка.