ТАБ МАК фабрика за акумулатори

ТАБ МАК дооел е фабрика за акумулатори лоцирана во Пробиштип. Почетоците датираат уште од 1973 година кога е изградена фабриката каде успешно се произведуваат акумулатори за патнички и товарни возила. Во 2012 година фабриката станува дел од групацијата ТАБ Словенија каде следуваат години на големи инвестиции и модернизирање на производството. Таб Мак е лидер во регионот за производство на стартер и индустриски батерии дел познати под својата трговска марка Весна Сап. Имајќи го во предвид важноста на ладењето во производствените капацитети, Таб Мак донесе одлука ладилната енергија во производствениот процес да ја довери на Carrier воздушно ладени чилери. 


Инсталирана опрема:


Најважно во целиот процес на одлука за инвестирање во HVAC опрема за овој објект беше сигурноста, квалитетот и сервисната екипираност за одржување и сервисирање на овој тип на машини. Пресудно за одлуката беа квалитетот на опремата, локалниот Carrier партнер во Македонија, Енергија доо со својата инженеринг и сервисна подршка. Целата опрема за ладење и климатизација која е од исклучителна важност за процесот на производство се одржува и сервисира од сервисните тимови на Енергија од 2017 година.