Компанијата Енергија доо на 12.03.2025 среда во Комора на овластени инженери во Скопје одржа стручна презентација за иновативни TOSHIBA USX модуларни инвертер чилери/топлински пумпи со висока енергетска ефикасност.
Пред повеќе од 50 учесници, проектанти, инженери, архитекти и градежни компании се презентираше иновативниот производ на TOSHIBA за средни и големи капацитети во целосно инвертер решение. Главни карактеристики на топлинската пумпа се 4 посебни инвертер twin rotary компресори со 4 независни фреонски кругови во еден модул. Голема флексибилност при монтажа со можност за групирање од 150 kW капацитет за 1 модул па се до фантастични 25,6 MW ладилен/топлински капацитет. Примена за секаква намена од објекти во индустрија, комерцијални и резиденцијални објекти, болници па се до големи дата сервер центри. Во вториот дел од презентацијата се презентираа Toshiba Estia топлинските пумпи идеално решение за греење, ладење и санитарна топлва вода за станови и куќи. Презентацијата ја водеше Г-дин Роберт Хорват - Toshiba Key Account Manager.
Веб страницата www.energija.com.mk користи колачиња со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со Вашето присуство на нашата веб страница се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на колачињата прочитајте ја Политиката за колачиња