Компанијата Риго Импекс е основана во 1990 година во Скопје. Во 2000-та година ја градат винаријата Риго во Гевгелија со поглед на целиот град и еколошкиот чист предел на Вардарска долина. Компанијата има 82 вработени со вкупен капацитет од 15 милиони литри во Винаријата Риго Гевгелија и 2,5 милиони литри во својата помала винарија во Валандово. Компанијата поседува и сопствени лозови насади со површина од 120 хектари каде се одгледуваат различни сорти на грозје за сопствени потреби. Процесот на ладење е исклучително важен за производство на вино за кој се бара чилер кој ќе испорачува стабилен капацитет во најразлични услови на работа, ладење на виното на бараната температура водејќи сметка за ниска потрошувачка на електрична енергија. По извршена детална анализа на различни понудувачи и производители на опрема, Риго Импекс се одлучи довербата да ја довери на Carrier и Енергија доо како нивен застапник за Македонија.
Инсталирана опрема:
Најважно во целиот процес на одлука за инвестирање во ладилната опрема за овој објект беше сигурноста, квалитетот и сервисната екипираност за одржување и сервисирање на овој тип на машини. Во текот на целиот процес на проектирање и планирање, тимот на Енергија беше вклучен во изнаоѓање најоптимално и енергетски најефикасно решение за ладење, имајќи ги во предвид високите стандарди коишто треба да се исполнат за функционирање на целиот ладилен систем. Пресудно за одлуката беа квалитетот на опремата, локалниот Carrier Toshiba партнер во Македонија, Енергија доо со својата инженеринг и сервисна поддршка. Целата опрема за ладење која е од исклучителна важност за процесот на производство се одржува и сервисира од сервисните тимови на Енергија.
Веб страницата www.energija.com.mk користи колачиња со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со Вашето присуство на нашата веб страница се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на колачињата прочитајте ја Политиката за колачиња