Carrier

38QUS027 Multi

Шифра: 38QUS027D8S3-1

Гаранција: 36 месеци


  • А++ висока енергетска класа при ладење и греење
  • Изведба со 3 внатрешни единици                  (3 х 42QHG009D8SE)
  • можност за комбинации и со подни единици
  • Најнова 3D DC Inverter Rotary компресорска технологија
  • опсег на работа ладење – надворешна температура од -15 ÷ 50 oC
  • опсег на работа греење – надворешна температура од -15 ÷ 24 oC
  • Eurovent сертификат за квалитет

 

За опција со други модели на внатрешни единици испратете барање преку полето НАРАЧАЈ

Цена

Редовна 132.500,00 ден

*Цената е со вкалкулиран ддв
Достапност:
Нема залиха

Carrier е американски и светски лидер во областа на климатизација со традиција поголема од 100 години. Основан од пронаоѓачот на модерната климатизација, Carrier е лидер во светот за системи за греење, ладење и климатизација и нуди одржливи решенија, интегрирани енергетски ефикасни производи, менаџирање со системи за централна климатизација и енергетски ефикасни системи за станбени и комерцијални објекти.

Carrier Multi Split нуди идеално решение за климатизација на повеќе простории. Можете да поврзете 2, 3, 4 или 5 внатрешни единици на една надворешна единица. Инвертерскиот компресор со голема ефикасност при делумно оптоварување обезбедува поголема ефикасност. Во случаи кога не е потребна климатизација во сите простории, надворешната единица работи под делумно оптоварување, со што се намалува потрошувачката на енергија.

Големиот избор на внатрешни единици ќе одговараат на секој ентериер. Од најмали соби до големи простории или комерцијални објекти. Со внатрешните единици со елегантен дизајн, се обезбедува совршено вклопување во секој простор и идеална климатизација. Со подобрената програма за контрола, внатрешните единици нудат извонредни перформанси за прилагодување на температурата и енергетска ефикасност.

Eurovent верификува и сертифицира дека перформансите и техничките карактеристики на Carrier клима уредите се целосно во согласност со европските и интернационалните стандарди. Со Eurovent сертифициран производ се гарантираат карактеристиките објавени од производителот. За еден клима уред да  добие Eurovent сертификат, поминува низ строги контроли на проверка од независна институција. Сите Carrier клима уреди и системи имаат Eurovent сертификат за квалитет.


Каталог Прикажи
Carrier Multi Catalogue.pdf
Carrier Multi Cenovnik.pdf