Toshiba

RAV RM ducted

Шифра: RAV RM ducted

Гаранција: 36 месеци


  • капацитет на ладење: 1,0 ÷ 27,0 kW
  • капацитет на греење: 1,0 ÷ 31,5 kW
  • А++/А+++ енергетски класи на ладење и греење
  • сите каналски единици на Toshiba се со фабрички вградена пумпа за кондензат што ги прави доста флексибилни за монтажа
  • можен всис на воздух од долна или задна страна на внатрешната единица 
  • лесно пристапен филтер за воздух и можност за уфрлување на свеж воздух
  • функција на самочистење на изменувачот
  • прецизна авто дијагностика за мониторинг на сите функции на уредот
  • опсег на работа ладење – надворешна температура од -10/-15 ÷ 46/52oC
  • опсег на работа греење – надворешна температура од -15/-27 ÷ 15oC
  • сертификат за квалитет од Eurovent.
  • гаранција 36 месеци

Toshiba ducted inverter без разлика каков е просторот, каналските единици на Toshiba овозможуваат униформна температура во целиот простор. Скриена монтажа во спуштен плафон каде преку мала брзина на воздухот и тивко струење се доведува климатизиран воздух во просторијата преку една или повеќе дистрибутивни решетки. Голем избор на комбинации со различни надворешни единици во Digital, Super Digital и Digital Classic инвертер серија за најразличи капацитети и ниво на перформанси. Голем избор на управување со локални контролери - жичани ѕидни контролери или централен контролер за повеќе единици. Можност за интегрирање преку BMS систем за автоматско управување.

  • Slim duct серија со висина од само 210 mm. Единствена тенка каналска единица која може да се монтира во секој спуштен плафон. Поврзување со Toshiba RAV-GM Digital inverter надворешни единици.
  • Standard duct серија со висина од само 275 mm и висок екстерен притисок на вентилаторот до 120 Pa. Поврзување со Toshiba RAV-GM/GP Digital/Super Digital inverter надворешни единици.
  • Classic duct серија со висина од само 275 mm и истите карактеристики како Standard duct серијата, со одлична цена и поврзување со Toshiba RAV-GV Standard Digital inverter надворешни единици.
  • BIG duct серија за најсложените барања, со екстремо висок екстерен притисок на вентилаторот се до 250 Pa и капацитети до 31 kW. Поврзување со Toshiba RAV-GM BIG Digital inverter надворешни единици.

    За повеќе информации и актуелни цени испратете барање преку полето ПОБАРАЈ ПОНУДА



Каталог Прикажи
Toshiba Catalogue.pdf