Шифра: SHRMа
Гаранција: 36 месеци
Најнова генерација на VRF систем од Toshiba на R32 ладилен медиум кој може истовремено да се конфигурира и како 2-pipe и како 3-pipe VRF систем. SHRMa (advanced) надворешна единица за истовремено ладење и греење со широк спектар на перформанси. Оваа иновативна технологија овозможена од Toshiba гарантира максимална ефикасност на системот. Во комбинација со VRF внатрешни единици (ѕидни,парапетни, касетни,каналски,тавански) и VN рекуператори/разменувачи на топлина.
Новaта серија на SHRMa доаѓа со напреден систем на "defrost" на кондензаторот каде при процес на отопување имаме континуирано непрекинато греење. Софистицирана технологија која нуди супериорна примена, флексибилност и незаменливи перформанси. Надворешните единици се опремени со двојно ротациони компресори (по два во секоја единица) и векторска IPDU-контрола. Можност за поврзување на DX сетови на вентили за директно испарување на фреонот во изменувачи на клима комори за централна климатизација на свеж воздух. Стандардно со функција на самодијагностицирање за мониторинг на најважните параметри од системот како и опција за Auto-restart. Можност за инфрацрвен и жичан далечински управувач (со опција за тајмери, модул за дојава на аларм и режим на работа) како и можност за поврзување со централен контролер и BMS систем на управување.
Надворешните SHRMa единици се достапни во 9 големини (8, 10, 12, 14 ,16, 18, 20, 22 и 24 HP) со можност за поврзување до 54 внатрешни единици. Системот на истовремено ладење и греење, компактниот дизајн, ниското ниво на бучава и големата модулација на инвертер компресорите го прави SHRMa совршено решение за средни и големи објекти.
За повеќе информации и актуелни цени испратете барање преку полето ПОБАРАЈ ПОНУДА
Каталог | Прикажи |
---|---|
Toshiba Catalogue.pdf |
Веб страницата www.energija.com.mk користи колачиња со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со Вашето присуство на нашата веб страница се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на колачињата прочитајте ја Политиката за колачиња