Шифра: SMMSu
Гаранција: 36 месеци
Најнова генерација на VRF систем од Toshiba, SMMS-u надворешна единица за ладење/греење со широк спектар на перформанси. За комбинација со VRF внатрешни единици (ѕидни,парапетни, касетни,каналски,тавански) и VN рекуператори/разменувачи на топлина.
Новaта серија на SMMS-u доаѓа со напреден систем на "defrost" на кондензаторот каде при процес на отопување имаме континуирано непрекинато греење. Софистицирана технологија која нуди супериорна примена, флексибилност и незаменливи перформанси. Надворешните единици се опремени со двојно и тројно ротациони компресори и векторска IPDU-контрола. Можност за поврзување на DX сетови на вентили за директно испарување на фреонот во изменувачи на клима комори за централна климатизација на свеж воздух. Стандардно со функција на самодијагностицирање за мониторинг на најважните параметри од системот какои и опција за Auto-restart. Можност за инфрацрвен и жичан далечински управувач (со опција за тајмери, модул за дојава на аларм и режим на работа) како и можност за поврзување со централен контролер и BMS систем на управување.
Надворешните SMMS-u единици се достапни во 7 големини (8, 10, 12, 14 ,16, 18 и 20 HP), со голем број на комбинации помеѓу нив за да се добие систем до 345 кW и до 128 внатрешни единици. Компактниот дизајн, ниското ниво на бучава и големата модулација на инвертер компресорите го прави SMMS-u совршено решение за средни и големи објекти.
За повеќе информации и актуелни цени испратете барање преку полето ПОБАРАЈ ПОНУДА
Каталог | Прикажи |
---|---|
Toshiba Catalogue.pdf |
Веб страницата www.energija.com.mk користи колачиња со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со Вашето присуство на нашата веб страница се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на колачињата прочитајте ја Политиката за колачиња