Нова димензија на ладење и греење од TOSHIBA. USX inverter чилер/топлинска пумпа со twin rotary compressor (R32).
Најнова технологија во изведба на чилер/топлинска пумпа која доаѓа од Јапонија.
Освен што нуди високо ниво на сигурност и квалитет, USX е производ кој има голема флексибилност, компактност и енергетска ефикасност досега не забележана при делумно оптоварување. Universal Smart X чилер/топлинската пумпа е пазарен лидер во својот сегмент во Јапонија кој сега се нуди и во Европа.
USX се карактеризира со посебна модуларна изведба која може да се комбинира и до 16 модули во еден систем што овозможува капацитет од 180 kW па се до 3200 kW. Можно е групирање и до 8 системи во еден со што може да се добие топлински извор и до 25.600 kW како решение за најголемите комерцијални и индустриски потреби.
4-во-1, модул во модул концептот овозможува максимална безбедност при работа и диверзификација на ризикот преку четири посебни ладилни кругови. Секој модул има ЧЕТИРИ TWIN ROTARY компресори на Toshiba и два ладилен медиум/воздух топлински изменувачи.
Инвертер технологијата на Toshiba овозможува брзината на компресорот да биде регулирана према потребата. Капацитетот може да се спушти до 5% од номиналниот греен и ладилен капацитет. Со тоа се добива висока ефикасност во опсегот на парцијални оптоварувања.