Шифра: XCT7 3-pipe
Гаранција: 36 месеци
Carrier VRF 3-pipe heat recovery систем од Toshiba, XCT7 надворешна единица за истовремено ладење и греење со широк спектар на перформанси. Оваа технологија е особено ефикасна за објекти каде има големи варијации на термичките добивки/губитоци. Решението се базира на одземање на топлина во просториите кои бараат ладење и искористување на таа топлина и предавање во просторот кој има потреба од греење. Оваа иновативна технологија овозможена од Carrier гарантира максимална ефикасност на системот. Во комбинација со VRF внатрешни единици (ѕидни,парапетни, касетни,каналски,тавански) и рекуператори/разменувачи на топлина.
Новaта, 7-ма серија на XCT7 heat recovery дoaѓа со специјален црн премаз на изменувачот од надворешната единица кој го прави поотпорен на корозија и надворешни влијанија. Патентирана 10-степена технологија за дистрибуција на маслото за подобра заштита на компресорот и целиот систем. Софистицирана технологија која нуди супериорна примена, флексибилност и незаменливи перформанси. Можност за поврзување на DX сетови на вентили за директно испарување на фреонот во изменувачи на клима комори за централна климатизација на свеж воздух. Стандардно со функција на самодијагностицирање за мониторинг на најважните параметри од системот како и опција за Auto-restart. Можност за инфрацрвен и жичан далечински управувач (со опција за тајмери, модул за дојава на аларм и режим на работа) како и можност за поврзување со централен контролер и BMS систем на управување.
Надворешните XCT7 единици се достапни во 8 големини (8, 10, 12, 14 ,16, 18, 20 и 22 HP), со голем број на комбинации помеѓу нив за да се добие систем до 276 кW и поврзување до 64 внатрешни единици. Системот на истовремено ладење и греење, компактниот дизајн, ниското ниво на бучава и големата модулација на инвертер компресорите го прави XCT7 совршено решение за средни и големи објекти со големи стаклени површини со различни ориентации на стаклени фасади.
За повеќе информации и актуелни цени испратете барање преку полето ПОБАРАЈ ПОНУДА
Каталог | Прикажи |
---|---|
Carrier Catalogue.pdf |
Веб страницата www.energija.com.mk користи колачиња со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со Вашето присуство на нашата веб страница се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на колачињата прочитајте ја Политиката за колачиња