Хотел ''Marriott'' Скопје

Marriott Bonvoy Skopje се наоѓа на самиот плоштад Македонија во центарот на Скопје. Хотелот има 9 ката, 164 соби, 20 deluxe апартмани и повеќе од 1500m2 свечени сали и конференциски сали.  Имајќи ги во предвид високите барања за енергетска ефикасност, квалитет и долготрајност на опремата за климатизација, изборот беше очигледен - Carrier американски и светски лидер со огромен број на референци за хотелската индустрија низ светот. Целиот систем за ладење, греење и санитарна топла вода е изведен од страна на Carrier и Енергија доо исполнувајќи ги стандардите и барањата на светскиот ланец на хотели ''Marriott''.


Инсталиранa опрема:

  • 2 x CARRIER 30XWH0852 (вода/вода топлинска пумпа)  2 x 970kW греење/ладење
  • 1 x CARRIER 30XWH0254 (вода/вода топлинска пумпа)  1 x 325kW греење/ладење
  • 278 x CARRIER 42NF каналски 4pipe четирицевни FCU 
  • 1 x TOSHIBA RAV-RM1601BTP-E DI - ИТ каналски клима уред за сервер простории

Во текот на целиот процес на проектирање и планирање, тимот на Енергија беше вклучен во изнаоѓање најоптимално и енергетски најефикасно решение за греење и ладење, имајќи ги во предвид високите стандарди коишто треба да се исполнат за функционирање на целиот HVAC систем. Пресудно за одлуката беа квалитетот на опремата, локалниот Carrier партнер во Македонија, Енергија доо со својата инженеринг и сервисна подршка.