Mercedes Премиум Бизнис Центар

Мак Ауто Стар како застапник за Mercedes автомобилската марка за Македонија во 2018 година го изгради Премиум Бизнис Центар во Скопје. Со примена на современи материјали и атрактивен дизајн, објектот се простира на површина 1200м2 кој содржи отворен мултифункционален канцелариски простор на 6 ката, рецепција, фитнес сала и голем продажен салон на приземје од 800м2. Бизнис центарот има 3 подземни нивоа за паркирање со капацитет од вкупно 190 паркинг места. Водејќи сметка за енергетската ефикасност на објектот како и високото ниво на комфор во објектот, Мерцедес се одлучи за Carrier вода/вода чилери/топлински пумпи за ладење и греење на новиот објект. Имајќи ги во предвид високите барања за енергетска ефикасност, квалитет и долготрајност на опремата за климатизација, изборот беше очигледен - Carrier американски и светски лидер со огромен број на референци за административни модерни објекти низ светот.


Инсталиранa опрема:

  • 2 x CARRIER 30XWH0354 (вода/вода чилер/топлинска пумпа) 2 x 420kW греење/ладење
  • 4 x TOSHIBA RAV-SM DI ѕидни инвертер клима уреди за сервер соби

Во текот на целиот процес на проектирање и планирање, тимот на Енергија беше вклучен во изнаоѓање најоптимално и енергетски најефикасно решение за греење и ладење, имајќи ги во предвид високите стандарди коишто треба да се исполнат за функционирање на целиот HVAC систем. Пресудно за одлуката беа квалитетот на опремата, локалниот Carrier партнер во Македонија, Енергија доо со својата инженеринг и сервисна поддршка.