Резиденцијален објект вила езеро Младост Велес

Toshiba Carrier систем со топлински пумпи во наградениот објект за архитектонско дело на 2022 година. Предизвик за сите учесници во проектот, од фаза планирање, изведба и пуштање во работа. 

Изведба на греење, ладење, санитарна топла вода со соларен систем и греење на отворен базен:

Инсталиранa опрема:

  • 2 x TOSHIBA ESTIA Series5 split inverter топлинска пумпа 2 x 16kW греење/ладење
  • 5 x CARRIER 42NM парапетни FCU вентилаторски конвектори 
  • AHI Carrier бојлери/бафери за топла водa
  • подно греење 300 m2
  • соларен систем

Еден од најважните сегменти за уживање и комфор во својот дом се системите за греење, ладење и климатизација. Енергетска ефикасност, тивка работа, минимално одржување, долготрајност на опремата се основните карактеристики за TOSHIBA CARRIER.

Во текот на целиот процес на проектирање и планирање, тимот на Енергија беше вклучен во изнаоѓање најоптимално и енергетски најефикасно решение за греење и ладење, имајќи ги во предвид високите стандарди кои што треба да се исполнат за функционирање на целиот систем за греење и ладење. Пресудно за одлуката беа квалитетот на опремата, локалниот Toshiba партнер во Македонија, Енергија доо со својата инженеринг и сервисна подршка.