Стоби е нова винарија во Македонија изградена во 2009 година. Стоби е конципирана како модерна винарница лоцирана во Градско со годишно производство на 4.5 милиони литри висококвалитетно флаширано вино од кое 70% се извезува на странските пазари. Винаријата има свој сопствен ресторан, конференциска сала, просторија за одржување на семинари и се наоѓа во чист еколошки предел во центарот на Македонија. Винаријата е една од поголемите инвестиции во последните години во винарскиот сектор во Македонија. Процесот на ладење е исклучително важен за производство на вино за кои потреби се изработи термотехнички проект за сите термички процеси на производството. По извршена детална анализа на различни понудувачи и производители на опрема, Винарија Стоби се одлучи довербата да ја довери на Carrier Toshiba и Енергија доо како нивен застапник за Македонија.
Инсталирана опрема:
Најважно во целиот процес на одлука за инвестирање во HVAC опрема за овој објект беше сигурноста, квалитетот и сервисната екипираност за одржување и сервисирање на овој тип на машини. Во текот на целиот процес на проектирање и планирање, тимот на Енергија беше вклучен во изнаоѓање најоптимално и енергетски најефикасно решение за греење и ладење, имајќи ги во предвид високите стандарди коишто треба да се исполнат за функционирање на целиот HVAC систем. Пресудно за одлуката беа квалитетот на опремата, локалниот Carrier Toshiba партнер во Македонија, Енергија доо со својата инженеринг и сервисна поддршка. Целата опрема за ладење и климатизација која е од исклучителна важност за процесот на производство се одржува и сервисира од сервисните тимови на Енергија.
Веб страницата www.energija.com.mk користи колачиња со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со Вашето присуство на нашата веб страница се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на колачињата прочитајте ја Политиката за колачиња