Шифра: RAS-B10S4KVG-Е / RAS-10E2AVG-E
Гаранција: 36 месеци
Шифра: RAS-B13S4KVG-Е / RAS-13E2AVG-E
Гаранција: 36 месеци
Шифра: RAS-B16S4KVG-Е / RAS-16E2AVG-E
Гаранција: 36 месеци
Шифра: RAS-B18S4KVG-Е / RAS-18E2AVG-E
Гаранција: 36 месеци
Шифра: RAS-B24S4KVG-Е / RAS-24E2AVG-E
Гаранција: 36 месеци
Акциска 46.990,00 ден
Редовна 53.990,00 ден.
Акциска 53.990,00 ден
Редовна 59.990,00 ден.
Акциска 62.990,00 ден
Редовна 69.990,00 ден.
Акциска 72.990,00 ден
Редовна 82.990,00 ден.
Акциска 84.990,00 ден
Редовна 96.990,00 ден.
Инвертер клима уред Yukai+ претставува совршен влез во светот на климатизацијa. Овој модел од Toshiba е опремен со економичен инвертер компресор и сите функционалности на кои се навикнати корисниците на премиум бренд како Toshiba.
Yukai+ го користи новиот ладилен медиум R32, кое што не е само поеколошки, туку и носи дополнителни заштеди во потрошувачката на електрична енергија.
Toshiba inverter системите се посебно ефикасни, бидејќи модулацијата на капацитетот односно снагата на компресорот ја прават до совршенство. Односно Yukai inverter клима уредот може да модулира константно помеѓу 20% и 100% користејќи интелегентна контрола, со тоа се добива константна температура во просторијата.
Yuaki+ го намалува нивото на бучава со две функции за тивко работење: QUITE на внатрешната единица ви овозможува непречен мир ноќе и SILENT на надворешната единица за апсолутна тишина кај Вашите соседи. И сето тоа со само едно притискање на копче!
Покрај тивката и економична работа, уредот Yukai ќе ви обезбеди и одличен квалитет на воздухот благодарение на филтерот „IAQ“ и разменувачот на топлина Magic Coil. Разменувачот на топлина на внатрешната единица секогаш се одржува чист и сув со помош на специјален слој заедно со функцијата за самочистење по завршувањето на работата при ладење, со тоа се избегнуваат непријатните мириси и развој на бактерии.


ЦЕНОВНИК ЗА МОНТАЖА / ДЕМОНТАЖА НА КЛИМА УРЕД
| Опис на услуга | Цена без ДДВ (ден.) |
| Монтажа на клима уред до 3.5 kW | 7.000,00 |
| Монтажа на клима уред 4.5 kW | 7.500,00 |
| Монтажа на клима уред 5.0 kW | 8.000,00 |
| Монтажа на клима уред 6.0 и 7.0 kW | 9.000,00 |
| Монтажа на клима уред со постоечка инсталација до 4.5 kW | 5.500,00 |
| Монтажа на клима уред со постоечка инсталација до 6.0 kW | 7.000,00 |
| Демонтажа на клима уред до 4.5 kW | 2.500,00 |
| Демонтажа на клима уред до 6.0 kW | 3.000,00 |
Што опфаќа стандардна монтажа на клима уред:
Стандардната монтажа вклучува бакарна инсталација до 3 метри помеѓу внатрешната и надворешната единица.
Услугата за монтажа на клима уред вклучува:
- правење еден отвор во ѕид – цигла до 50цм или бетон до 20цм дебелина,
- до 3метри растојание помеѓу внатрешната и надворешната единица, изведено од изолирани бакарни цевки и кабел за комуникација/напојување,
- пар соодветни метални држачи за монтажа на надворешната единица,
- до 3 метри цевка/црево за одвод на кондензат, со слободен пад во соодветен одвод,
- до 3 метри напонски кабел со утикач и поврзување на електрична инсталација,
- потрошен материјал (трака за изолирање, везици, силикон, гипс и останати потрошни материјали потребни за монтажа),
- пуштање во работа, и обука на корисникот за користење на клима уредот.
Стандардната монтажа на клима уреди не опфаќа употреба на скеле или дигалка/кран, ниту евентуални додатни зафати (градежни, електрични, браварија или стакло).
За исправно работење на инвертер клима уредите во режим на ладење и греење потребно е минимално растојание на бакарната инсталација од 2 метри!
Доколку монтажата е по сложена од стандардна монтажа, цената на сите дополнителни работи/зафати се наплаќаат според ценовникот за услуги.
| Каталог | Прикажи |
|---|---|
| YUKAI_En.pdf |
Веб страницата www.energija.com.mk користи колачиња со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со Вашето присуство на нашата веб страница се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на колачињата прочитајте ја Политиката за колачиња