За нас

Енергија доо е формирана во 2005 година како компанија за продажба, проектирање и изведување на системи од областа на климатизација, ладење и греење. Следејќи ги светските стандарди и трендови и имплементирајќи ги во секојдневното работење Енергија континуирано го зголемува бројот на клиенти. Денес Енергија е препознатлива компанија во Македонија која асоцира на стручност, квалитет, професионалност и ефикасност. Во Енергија водиме сметка за потребите на своите клиенти, ги слушаме нивните потреби и заеднички соработуваме да го достигнеме најдоброто решение. Тимот на Енергија ви стои на располагање околу вашите планови за набавка на опрема од светските производители на ладилници на течност (chiller-и), вентилаторски конвектори (fan coil), клима комори, клима уреди, топлински пумпи, компресори за индустриско ладење, кондензатори итн. Нашата дејност опфаќа климатизација на јавни и административни објекти, спортски и комерцијални центри, деловни простории, станбени објекти, индивидуални објекти итн. Ладилна опрема во индустријата: ладилници за храна, тунели за замрзнување на разни продукти, кланици, млекарници, пивари, винарии, хемиска индустрија итн.
Во Енергија веруваме дека животот е постојана трка кон нешто подобро во она што го работиме, затоа ние сме посветени во нашата работа која овозможува цврста и лојална врска со нашите клиенти.

 

Мисија

Овозможување на врвна услуга на своите клиенти притоа земајќи ги во предвид сите аспекти во работата, со цел добивање на квалитетно и ефикасно решение од областа на климатизација, ладење и греење водејќи сметка за оперативните и инвестициски трошоци.

Визија

Континуирана посветеност во достигнување на поголеми цели притоа стремејќи се кон постојан раст, надминувајќи ги очекувањата на нашите клиенти и создавајќи подобри услови во средината во која живееме.