Аџибадем Систина е најголема приватна болница во Македонија која започнува со работа уште во 2001 година со отварање на Специјална болница за гинекологија и акушерство Мала Богородица - Систина. Во 2010 година станува дел од здравствената групација Аџибадем со комплетно нова локација на кејот на реката Вардар. Денес Аџибадем Систина се простира на 25.000 м2 болнички простор кој содржи 11 операциони сали, 211 болнички кревети и 53 интензивни места.
Самата дејност на болницата како врвен медицински центар кој лекува и најделикатни здравствени случаи бара исклучително стабилна температура на просториите во текот на целата година. Особено што во болницата има голем број на медицински апарати за кои мора преку целата година да се одржува прецизна температура за нормално функционирање на опремата. Сето тоа се постигнува со многу ладилни машини и топлински пумпи на Carrier и Toshiba инсталирани во последните 13 години.
Инсталирана опрема:
Најважно во целиот процес на одлука за инвестирање на Клиничката Болница Аџибадем Систина за HVAC опремата во текот на сите години е сигурноста, квалитетот и сервисната екипираност за одржување и сервисирање. Пресудно за одлуката беа квалитетот на опремата, локалниот Toshiba Carrier партнер во Македонија, Енергија доо со својата инженеринг и сервисна поддршка. Целата опрема за ладење и климатизација е од исклучителна важност за процесот на функционирање на болницата, затоа важен сегмент е поддршката со лагерот на резервни делови и самата подготвеност на сервисот да одговори на сите интервенции.
Веб страницата www.energija.com.mk користи колачиња со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со Вашето присуство на нашата веб страница се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на колачињата прочитајте ја Политиката за колачиња