Gentherm е американска корпорација со повеќе од 13.000 вработени во 12 земји во светот. Изработува различни термички решенија кои покриваат области на автомобилска индустрија, здравство, електронска индустрија итн. Во 2015 година компанијата носи одлука најновата фабрика да ја изгради во Индустриската Зона во Прилеп, Македонија. По успешно започнатиот процес на производство во 2018 година компанијата го зголемува производството со изградба на својата втора фабрика Gentherm Прилеп 2. Поради важноста на системите за ладење и греење и по направената детална анализа на различни понудувачи, Gentherm се одлучи нарачката да ја добие Carrier Toshiba и Енергија како испорачатели на опремата.
Инсталирана опрема:
Најважно во целиот процес на одлука за инвестирање во HVAC опрема за овој објект беше сигурноста, квалитетот и сервисната екипираност за одржување и сервисирање на овој тип на машини. Во текот на целиот процес на проектирање и планирање, тимот на Енергија беше вклучен во изнаоѓање најоптимално и енергетски најефикасно решение за греење и ладење, имајќи ги во предвид високите стандарди коишто треба да се исполнат за функционирање на целиот HVAC систем. Пресудно за одлуката беа квалитетот на опремата, локалниот Carrier Toshiba партнер во Македонија, Енергија доо со својата инженеринг и сервисна поддршка.
Веб страницата www.energija.com.mk користи колачиња со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со Вашето присуство на нашата веб страница се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на колачињата прочитајте ја Политиката за колачиња