Johnson Matthey - Скопје фабрика за автомобилски делови

Johnson Matthey е најголемата странска инвестиција во индустриската зона ТИРЗ во Скопје. Почнувајќи со работа од 2009 година, ЈМ е континуирано најголемиот извозник во Македонија, произведувајќи високо софистицирана опрема за автомобилската индустрија. Нивните производи, од фабриката во Македонија се наоѓаат во секој трет автомобил во светот. Имајќи ги во предвид сериозноста и големината на производствените капацитети, ЈМ донесе одлука ладилната енергија во производствениот процес да ја довери на Carrier воздушно ладени чилери од новите генерации. Лабораториите, ИТ и електро собите кои бараат константна температура во текот на целата година се климатизираат со Toshiba Carrier уреди. 


Инсталирана опрема:


Најважно во целиот процес на одлука за инвестирање во HVAC опрема за овој објект беше сигурноста, квалитетот и сервисната екипираност за одржување и сервисирање на овој тип на машини. Во текот на целиот процес на проектирање и планирање, тимот на Енергија беше вклучен во изнаоѓање најоптимално и енергетски најефикасно решение за греење и ладење, имајќи ги во предвид високите стандарди коишто треба да се исполнат за функционирање на целиот HVAC систем. Пресудно за одлуката беа квалитетот на опремата, локалниот Carrier партнер во Македонија, Енергија доо со својата инженеринг и сервисна подршка. Целата опрема за ладење и климатизација која е од исклучителна важност за процесот на производство се одржува и сервисира од сервисните тимови на Енергија од 2009 година со годишни договори за одржување.