Kemet Electronics е глобална компанија која произведува електронски делови за голем број индустрии во светот. Со своите 24 производствени капацитети и преку 16.000 вработени во целиот свет, Kemet Electronics поседува повеќе од 1600 патентирани производи и секојдневно вложува во развој на нови технологии. Во 2012 година ја гради својата прва фабрика во ТИРЗ Бунарџик Скопје каде се произведуваат електронски компоненти за автомобилската индустрија. Поради важноста на ладењето во своето производство, Kemet Electronics се одлучи за Carrier опрема за ладење и климатизација. После 10 години од отварањето на својот прва фабрика, а поради зголемување на потребите за уште поголемо производство, Kemet Elekctronics гради екстензија на својата локација со дуплирање на производствените капацитети. Одличното искуство од користење на Carrier Toshiba опремата како и поддршката од Енергија доо во сите фази од планирање па се до одржување на опремата, Kemet се одлучи довербата за HVAC опремата повторно да ја довери на Carrier Toshiba и Енергија доо.
Инсталирана опрема:
Најважно во целиот процес на одлука за инвестирање во HVAC опрема за овој објект беше сигурноста, квалитетот и сервисната екипираност за одржување и сервисирање на овој тип на машини. Во текот на целиот процес на проектирање и планирање, тимот на Енергија беше вклучен во изнаоѓање најоптимално и енергетски најефикасно решение за греење и ладење, имајќи ги во предвид високите стандарди коишто треба да се исполнат за функционирање на целиот HVAC систем. Пресудно за одлуката беа квалитетот на опремата, локалниот Carrier Toshiba партнер во Македонија, Енергија доо со својата инженеринг и сервисна поддршка. Целата опрема за ладење и климатизација која е од исклучителна важност за процесот на производство се одржува и сервисира од сервисните тимови на Енергија од 2010 година со годишни договори за одржување.
Веб страницата www.energija.com.mk користи колачиња со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со Вашето присуство на нашата веб страница се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на колачињата прочитајте ја Политиката за колачиња