Комерцијална Банка АД Скопје како најголема банка во Македонија ги има своите почетоци уште од 1955 год. Со трансформација на банкарскиот сектор Комерцијална Банка израснува во најголема приватна банка со најголема вредност на акции кои котираат на Македонска Берза која има преку 45 експозитури во сите поголеми градови во државата. Во 2013 година за својот најрепрезентативен објект, новата корпоративна управна зграда во центарот на Скопје, клиентот се одлучи за две Carrier воздух/вода чилери/топлински пумпи за ладење и греење. Имајќи ги во предвид високите барања за енергетска ефикасност, квалитет и долготрајност на опремата за климатизација, изборот беше очигледен - Carrier американски и светски лидер со огромен број на референци за административни објекти низ светот.
Инсталиранa опрема:
Во текот на целиот процес на проектирање и планирање, тимот на Енергија беше вклучен во изнаоѓање најоптимално и енергетски најефикасно решение за греење и ладење, имајќи ги во предвид високите стандарди коишто треба да се исполнат за функционирање на целиот HVAC систем. Пресудно за одлуката беа квалитетот на опремата, локалниот Carrier партнер во Македонија, Енергија доо со својата инженеринг и сервисна подршка.
Веб страницата www.energija.com.mk користи колачиња со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со Вашето присуство на нашата веб страница се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на колачињата прочитајте ја Политиката за колачиња