Carrier – The Art of the Invisible

Carrier – The Art of the Invisible (pdf)
Секоја година околу шест милиони луѓе ја посетуваат Систинската капела. Во 2010 година, по направените истражувања утврдено е дека човечкото присуство прави штета на фреските на Микеланџело и во тој момент единствениот начин да се зачуваат е да се запрат јавните посети. Во соработка со Ватикан, меѓународни експертски тимови од United Technologies и Carrier предложија низа на иновации за да се обезбеди заштита и безбедност на музејските уметнички дела, самиот простор и посетителите. Во 2014 година е презентирано „state-of-the-art“ решение за управување и третман на воздухот со цел зачувување на уметничките дела на Микеланџело во Систинската капела. Системот е речиси невидлив и дозволува и до 20.000 посетители дневно.
Основан од пронаоѓачот на модерна климатизација, Carrier е лидер во светот за системи за греење, ладење и климатизација и нуди одржливи решенија, интегрирани енергетски ефикасни производи, менаџирање со системи за централна климатизација и енергетски ефикасни системи за станбени и комерцијални објекти. Carrier е дел од UTC Building & Industrial Systems, дел од United Technologies Corp. и е водечки светски бренд.

Повеќе информации на:
http://www.carrier.com/carrier/en/us/news/news-article/carrier_unveils_innovative_solution_to_preserve_michelangelo_s_frescoes_in_the_sistine_chapel.aspx