Carrier Toshiba презентација 2016 година

На 08.04.2016 се одржа традиционалната годишна презентација на Енергија за Carrier Toshiba производите во просториите на винарија Стоби во Градско.

Во присуство на 100 претставници од поголемите и водечки компании во Македонија, беа претставени најновите системи за греење и ладење на Carrier Toshiba корпорацијата. Посебен акцент се стави на:

  • Toshiba Product overview 2016/17 година уреди за централна климатизација Toshiba technology Benchmark.
  • Toshiba New SMMS-e VRF system 2016/17 година најнова серија на VRF inverter систем од Toshiba со највисок ESEER во класата.
  • Carrier Product overview 2016/17 година уреди за централна климатизација Carrier technology Benchmark.
  • Carrier Refrigeration product overview 2016/17 година комерцијално ладење (ладилни витрини, фрижидери, централни системи за ладење) за супермаркети, дисконти, дистрибутивни центри итн.
  • Toshiba Carrier A2W/A воздух/вода ТОПЛИНСКИ ПУМПИ заштеда на енергија со топлински пумпи.
  • Energija E2 House low energy building – презентација на измерена потрошувачка на електрична енергија од топлински пумпи за една грејна/ладилна сезона.

Во склоп на презентацијата организирано беше и разгледување на винаријата Стоби и запознавање со нејзината најмодерна технологија на производство на вино на Балканот (подрум за зреење вино, барик вино).

Презентираните производи се најголемите достигнувања во поглед на ефикасноста на системите за греење, ладење и климатизација и се наменети како за поголеми комерцијални објекти така и за помали резиденцијални куќи и станови.

Посебен акцент беше ставен на ефикасноста на Toshiba Carrier воздух/вода топлинските пумпи за греење/ладење и припрема на санитарна топла вода СТВ. Особен интерес предизвика презентацијата каде беа презентирани измерени резултати за потрошувачка на електрична енергија за стан во Скопје од 150 m2. Резултатите покажаа дека за греење и припрема на СТВ со топлинска пумпа Toshiba Carrier inverter се потрошени во просек само 28,4 ЕУР/месечно за една грејна сезона од 6 месеци. Трошоците беа измерени  со помош на Efergy Energy Measurement системот за мерење на потрошувачка на електрична енергија и потврдени со ЕВН сметките за секој месец посебно.

Сите информации околу производите може да се добијат во Енергија доо кој е овластен дистрибутер за Carrier Toshiba за Македонија.

Energija Carrier Toshiba presentation – Stobi 2016

20160408_105833_ss 20160408_131405 20160408_12454820160408_131603_ss20160408_114233(0)_ss20160408_14191120160408_131933_ss20160408_132118_ss20160408_134008_ss20160408_141941_ss20160408_141509_ss20160408_140919_ss20160408_135134_ss20160408_141042_ss20160408_152013_ss20160408_140602_ss