TOSHIBA повторно воодушевува со најновиот VRF SMMS-e систем

Приказната за успехот на TOSHIBA системот за централна климатизација со променлив проток на ладилен медиум (VRF) трае без прекин и всушност испишува ново поглавје со претставувањето и воведувањето на најновиот SMMS-e (Super Modular Multi e). Заслугата за ова не ја носат само екстремно високите коефициенти на енергетска ефикасност (кои одат до неверојатни 7,7!!!) туку и високиот степен на постојаност и сигурност, удобноста на потрошувачите, олеснувањата при монтажа и проектирање за монтерите и проектантите… Овие се само мал дел од карактеристиките кои особено ги воодушеви потрошувачите на европската премиера на системот.

   toshiba-drv-smms-e

La Gamma SMMSe

1

Екипата на Air-Cond не е единствената горда на најновиот Toshiba VRF SMMS-e систем

„SMMS-e on Tour“ така гласеше мотото на TOSHIBA промотивното роуд шоу за новиот SMMS-e систем за централна климатизација со променлив проток на ладилен медиум (VRF) кој е последен збор на технологијата во делот на климатизацијата. На презентациите во Загреб, Сплит и Белград, повеќе од 500 врвни стручни лица во делот на климатизацијата, дистрибутери на TOSHIBA производите и проектанти присуствуваа и се воодушевуваа на мноштвото предности и иновации кај овој систем.

Наместо стандардно претставување на системот, неговите главни карактеристики беа објаснети во живо преку многубројни примери. Кои предности може да ги очекуваат проектантите, инвеститорите, користниците, стручните партнери и дистрибутери како и монтерите од овој систем најдобро говорат TOSHIBA емотиконите J. Тие се олицетворение на различните заинтересирани страни во оваа приказна и јасно даваат до знаење што е за нив најважно. Проектантите веќе на самиот старт имаат голема корист поради поголемата флексибилност на системот во однос на поставувањето на цевната инсталација – поради можноста за зголемена должина на истата и зголемената вкупна должина на бакарна цевна инсталација. Исто за нив од голема помош е и најновиот Design Airs софтверски пакет за полесно бирање и проектирање на системот како зголемената можност за избор на внатрешни единици по тип и капацитет. Она што е посебно интересно за монтажерите е едноставната монтажа, флексибилното водење на инсталационата мрежа, можноста за брзо адресирање на единиците при пуштање во работа како и премногу едноставното комуникациско поврзување помеѓу единиците, а тоа се аспекти на кои новиот TOSHIBA SMMS-e и води сметка. И секако тука се и корисниците кои имаат многу конкретни замисли околу самиот систем и од тоа што се можат да очекуваат од него, а тоа се пред се: големата заштеда на енергија, екстремно тивката работа на системот, големиот избор на управување на системот (локално или централно), можноста за пресметка на потрошената енергија како и можноста за лесно и брзо дијагностицирање и сервисирање доколку дојде до некаков проблем.

2

Емотиконите ги претставуваат желбите на проектантите, инвеститорите, монтажерите и крајните корисници и задоволството на многуте можности кои ги нуди овој систем

За тие што присуствуваа на овој настан и активно учествуваа во целиот настан и наградната игра на TOSHIBA, можеа да добијат и награда паметен мобилен телефон (smart phone) Sony Expiria, телефон со што може меѓу останатото со помош на SMMS-e Wave Tool апликацијата на TOSHIBA се овозможува безжична и брза NFC комуникација со надворешната единица како би се прочитале и обработиле податоците на VRF системот и поводот за аларм доколку настане дефект. Ова е уште еден огромен новитет и предност на TOSHIBA SMMS-e VRF системот во однос на конкуренцијата. Компанијата Air-Cond заедно со своите TOSHIBA партнери на овој настан уште еднаш се погрижи за атрактивна платформа за размена на искуства и знаење меѓу експертите и проектантите.

Заклчучокот на ова е следен, посветеноста на TOSHIBA за своите клиенти и за животната средина е многу значајна и сугерира дека TOSHIBA сеуште не го достигнала врвот на своите можности и дека и во иднина ќе се грижи за се поиновативни изненадувања и решенија за климатизација.

3

Претставувањето на најновиот TOSHIBA SMMS-e VRF систем предизвика голем интерес кај стручната јавност

SMMS-e: поефикасен, покомпактен, поудобен

Повеќе моќ благодарение на подобрената компресорска технологија: двојни ламели на компресорот кој го намалуваат губитокот на притисок на минимум, а со тоа помагаат за поголем волумен на компресија и зголемување на капацитетот на компресорот.

‘Diamond Like Carbon Coating': дијамантски јаглероден премаз кој овозможува најдобра работа и минимално механичко трошење на компресорот.

Еден од новитетите е и новиот режим на работа во греење ‘Optimized Heating Operation’, кој при режим на отопување (defrost) спречува ладење на кај внатрешните единици. Ова развојно достигнување се темели на новото управување со регулација со бајпас на топол ладилен медиум што допринесува за поголема удобност и комфор за корисниците.

Оптимизирана работа, благодарение на новиот изменувач на топлина ‘Sub Cooling’ кој претставува продолжување на работата дури и при најмали оптеретувања и најмногу прави разлика во однос на другите системи на пазарот затоа што во тие моменти тие или веќе одамна прекинуваат со работа или работат меѓутоа со многу згоголемена потрошувачка на елек. енергија.

Само кај Toshibа: интелигентно управување на протокот на ладилниот медиум кој гарантира оптимизирано индивидуално снабдување до секоја внатрешна единица, без разлика на нејзината позиција, нејзината оддалеченост, должината на бакарната инсталација или висинската разлика.

Безжично NFC поврзување преку алатката и мобилната апликација ‘Wave Tool’ со која преку мобилен смарт – телефон или таблет може да вчитаат податоците на работа на надворешниот уред како и дефекти или аларми на истиот.

Новата SMMS-e серија на TOSHIBA VRF системите се карактеризира со:

  • Подобрена инвертер компресорска технологија со 50% зголемување на волуменот на клиповите на компресорот со што се добива поголема излезна моќ на компресорот, што па овозможува моноблок изведба на надворешни единици со капацитет од неверојатни 22 HP или 67,0 kW
  • Максимална прецизна регулација на системот преку контрола на бројот на вртежи на компресорот до 0,1 Hz со помош на најновата TOSHIBA Infinity Variable Control технологија
  • Дводелен изменувач на надворешната единица со што се овозможува висока енергетска ефикасност и при многу мали оптоварувања на системот
  • Голема флексибилност на системот:
    • моноблок изведба од 67 kW и можност до неверојатни 168 kW во комбинирање
    • зголемен број на внатрешни единици со можност за поврзување од мах 48 на мах 64 внатрешни единици
    • зголемена должина на инсталација од  мах 500 m на неверојатни мах 1000 m должина на инсталација
    • најголема еквивалентна должина на цевки од 235 m (растојание помеѓу надворешната единица и најоддалечената внатрешна единица – најголема на пазарот!!!)
    • најголема должина од прва рачва до најоддалечената внатрешна единица од неверојатни 90 m (најголема на пазарот)
    • најголемо висинско растојание помеѓу внатрешните единици до 40 m и најголемо висинско растојание помеѓу надворешната и внатрешните единици до 70 m (најголемо на пазарот)
  • Највисоки EER / SEER и COP / SCOP на пазарот и во класата од неверојатни 7,7 (SEER) и високи EER и COP при 50% оптоварување од неверојатни и 6,40
  • Континуирано греење без потреба за стопирање на работа на системот во defrost што го овозможува најновата hot-gas by-pass технологија на TOSHIBA без значително губење на капацитетот на греење
  • Зголемен распон на работа од -25ºC на грење до +46ºC на ладење (+53ºC за „tropic“ изведбите)
  • Wave Tool технологија за полесно дијагностицирање на грешка и аларм во системот за побрза реакција при сервис

Повеќе информации за Toshibа уредите за климатизација, греење и ладење (клима уреди, топлински пумпи воздух – вода…) може да најдете на веб страната на Енергија (единствениот Toshiba партнер за Македонија) www.energija.com.mk.