Задоволни клиенти

Бидејќи исклучителна важна алка во нашето производство е самиот процес на ладење, нашата компанија го избра Carrier како долгогодишен партнер за нашите потреби за ладење во производството и климатизација на објектите.
- Томе Николовски, Алкалоид АД Скопје

При реновирање на нашиот стан имавме потреба од централно решение за греење и ладење. Како најдобро понудено решение ја одбравме топлинската пумпа на Carrier која ни овозможува удобност преку целата година притоа внимавајќи сметките да ни бидат ниски.
- Александар Крстевски, Скопје

Како огромен предизвик се решивме да изградиме фабрика во Македонија за производство на автомобилски катализатори. Како важен елемент од нашето производство е ладењето во процесот на прозводство. Избравме Carrier чилер со најнова технологија кој ќе ни овозможи континуирана работа преку целата година.
- Боб Ристевски, Џонсон Мети – Зона Бунарџик

Барав квалитетен клима уред кој што најефикасно ќе ги задоволува семејните потреби за ладење и за греење во нашиот стан преку целата година. Покрај големиот избор, одлуката не беше тешка: поради реномето на производителот и услугата на нивниот застапник, Енергија доо, избрав Carrier inverter клима уред. Carrier inverter користиме веќе 3 години и сме исклучително задоволни заради тоа што уредот ни го овозможува бараното ниво на амбиентален комфор со минимална потрошувачка на енергија.
- Предраг Јанакиевски, Вест Инмек доо, Скопје

При проектирање на системи за климатизација, греење и ладење секогаш сакаме да имаме систем кој ги исполнува бараните параметри како што се потребен капацитет, мала потрошувачка, ниска бучава, комфор во просторот, мали димензии итн. Во најголем дел од проектантски задачи се содржат овие барања каде што треба да се направи баланс на барањата со цел задоволување на сите параметри. Во соработка со Carrier секогаш имаме решение кое се вклопува во бараните задачи.
- Драган Битраковски, Прима Инженеринг Скопје

Во мојата фирма имав потреба од ладење на неколку канцеларии во кои имам централно греење. Моето барање беше квалитетен уред кој ќе лади летниот период со можност да догрева во предниот период од грејната сезона, водејќи сметка почетната инвестиција да биде пониска. Изборот падна на Carrier Allegroклима уредите кои ги користам 2 години и сум задоволен од нивната работа како во режим на ладење така и за догревање.
- Ѓорги Божиновски, МБС дооел Скопје

Нашата фирма е лидер во областа на изведување, монтирање и сервисирање на термотехнички инсталации во Македонија. Секогаш кога имаме можност го препорачуваме Carrier бидејќи како главни изведувачи на големи објекти секогаш сакаме да имаме задоволни корисници кои се наш мотив за работа.
- Миле Младеновски, Кратер дооел Скопје

Како човек кој неколку години работел во Америка, квалитетот на Carrier ми беше добро познат. За мојата нова куќа во Скопје ги избрав моделите на Carrier inverter технологијата кои работат и до -15 oC во режим на греење притоа потрошувачката на ел.енергија сведувајќи ја на минимум.
- Боби Р., Скопје

Контакт 2000 е водечка фирма на пазарот за сервис и монтажа на клима уреди. Во нашето 15 годишно постоење можам да истакнам дека Carrier клима уредите се едни од најквалитетните кои сме ги монтирале и сервисирале. Имаме случаи каде што одржуваме клима уреди од Carrier стари и по 20 години кои работат беспрекорно (дури подобро и од некои сегашни марки на климатизери) со мали интервенции преку годините.
- Љупчо Масларков, Контакт 2000 Сервис доо Скопје

Нашата винарија е секогаш посетена од најразлични гости и туристи од целиот свет. Како најстара винарија на Балканот, мораме да ги понудиме нашите најдобри услови на посетителите. Како опрема за ладење и греење го избравме Carrier кој овозможува одлични комфорни услови за присутните.
- Ристе Еленов, Винарија Вила Марија – Демир Капија

Мојата фирма е дилер на Carrier клима уредите за градот Битола. До сега имам преку 30 задоволни корисници, најмногу на инвертер моделите кои работат и на екстремно ниски температури кои некогаш достигнуваат во Битола.
- Јордан Силјановски, Еуро Клима Битола

Во моето долгогодишно работење како проектант на системи за греење и ладење имам потреба од квалитетен партнер во проектирањето во смисла на голем оспег на производи, детални податоци, софтвер за избор на опрема, одлични перформанси и сертифицирани производи. Работејќи со фирма како Carrier сите овие работи ги имам на едно место.
- Тодор Пеев, Скопје

Градејќи го најголемиот продажен салон за мебел и новиот Хоум Центар се наметна прашањето за климатизација на објектот. Бидејќи се работи за голем простор кој е поделен во различни зони за климатизација го избравме Carrier кој ни овозможи задоволување на бараните услови со најдобри перформанси.
- Љупчо Стојковски, Бујото Скопје

Да се биде успешен проектант освен познавање на проблематиката за проектирање на системите за греење и ладење треба да се биде во тек со најновите достигнувања од областа на HVAC индустријата.Carrier како светски лидер во својата област ми овозможува запознавање со најновите технички достигнувања и нивна примена во секојдневните проекти.
- Страшо Илиевски, Елби Скопје