Експанда Скопје - Административен објект

Експанда дооел Скопје е компанија формирана во 1990 година како фирма за продажба и дистрибуција на производи за широка потрошувачка. Во 1992 година потпишува стратешки договор со Philip Morris и станува нивен ексклузивен дистрибутер. Во 2013 година компанијата се одулучува да гради нов административен и дистрибутивен центар во Визбегово Скопје каде ја избра компанијата Енергија доо за испорака и монтажа на HVAC решение. Поради високите перформанси и енергетската ефикасност избран е систем со Carrier воздух/вода топлинска пумпа во комбинација со Carrier вентилаторски конвектори за ладење и греење. Во системот е изведено и подно греење како и припрема на санитарна топла вода со помош на топлинската пумпа. За сервер просториите монтирани се Toshiba RAS високоефикасни инвертер клима уреди.


Инсталирана опрема:

  • 1 x Carrier 30RQS120 (воздух/вода топлинска пумпа) 1 x 120kW греење/ладење
  • 28 x CARRIER 42N парапетни FCU вентилаторски конвектори
  • 6 x CARRIER 42GWC касетни FCU вентилаторски конвектори
  • 4 x CARRIER 42DWC каналски FCU вентилаторски конвектори
  • 2 x TOSHIBA RAS inverter сплит клима уреди

Најважно во целиот процес на одлука за инвестирање во HVAC опрема за овој објект беше сигурноста, квалитетот и сервисната екипираност за одржување и сервисирање на овој тип на машини.

Во текот на целиот процес на проектирање и планирање, тимот на Енергија беше вклучен во изнаоѓање најоптимално и енергетски најефикасно решение за греење и ладење, имајќи ги во предвид високите стандарди коишто треба да се исполнат за функционирање на целиот HVAC систем. Пресудно за одлуката беа квалитетот на опремата, локалниот Carrier партнер во Македонија, Енергија доо со својата инженеринг и сервисна поддршка.