ХалкБанк АД Скопје е најбрзорастечка банка на пазарот во Македонија која брои преку 700 вработени со голем број на локации на експозитури, банкомати и пос терминали низ државата. Енергетската ефикасност како и грижа за околината е висок приоритет на банката. Од овие причини, по детално анализирање на различни компании за климатизација во Македонија, Халкбанка се одлучи за Енергија доо и Toshiba Carrier за својата управна административна зграда како и за повеќе свои локации на експозитури и деловни канцеларии.
Инсталиранa опрема:
Во текот на целиот процес на проектирање и планирање, тимот на Енергија беше вклучен во изнаоѓање најоптимално и енергетски најефикасно решение за греење и ладење, имајќи ги во предвид високите стандарди кои што треба да се исполнат за функционирање на целиот систем за греење и ладење. Пресудно за одлуката беа квалитетот на опремата, енергетската ефикасност на системите како и локалниот Toshiba Carrier партнер во Македонија, Енергија доо со својата инженеринг и сервисна поддршка.
Веб страницата www.energija.com.mk користи колачиња со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со Вашето присуство на нашата веб страница се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на колачињата прочитајте ја Политиката за колачиња