Хотел "DoubleTree by Hilton" Скопје

Double Tree by Hilton Skopje се наоѓа покрај реката Вардар идеално позициониран со модерен дизајн со преку 170 соби и преку 1400m2 сали за свечености.  Имајќи ги во предвид високите барања за енергетска ефикасност, квалитет и долготрајност на опремата за климатизација, изборот беше очигледен - Carrier американски и светски лидер со огромен број на референци за хотелската индустрија низ светот. Целиот систем за ладење, греење и санитарна топла вода е изведен од страна на Carrier и Енергија доо исполнувајќи ги стандардите и барањата на светскиот ланец на хотели ''Hilton''.


Инсталиранa опрема:

  • 2 x CARRIER 30XWH1002 (вода/вода топлинска пумпа) 2 x 1185kW греење/ладење
  • 2 x CARRIER 30XWH0452 (вода/вода топлинска пумпа) 2 x 555kW греење/ладење
  • 255 x CARRIER 42NL каналски 4pipe четирицевни FCU 
  • 12 x CARRIER 39HQ клима комори со рекуператорски секции
  • 3 x TOSHIBA RAV-SM806KRT-E SDI  - ИТ клима уреди за сервер простории

Во текот на целиот процес на проектирање и планирање, тимот на Енергија беше вклучен во изнаоѓање најоптимално и енергетски најефикасно решение за греење и ладење, имајќи ги во предвид високите стандарди коишто треба да се исполнат за функционирање на целиот HVAC систем. Пресудно за одлуката беа квалитетот на опремата, локалниот Carrier партнер во Македонија, Енергија доо со својата инженеринг и сервисна подршка.