Кратер Скопје

Кратер е водечка компанија во Македонија која работи во областа на термотехничките и хидротехничките инсталации, со традиција од повеќе од 30 години на проектирање и инсталирање системи за греење, вентилација, климатизација и инсталации за гас. Carrier како светски лидер во HVAC индустријата беше прв избор во новиот објект на Кратер. Административна зграда, производствен погон за термотехнички компоненти и производствениот погон за обработка на метал се климатизираат со Carrier опрема за климатизација. Целиот објект е повеќе од 13000m2 во индустриска зона Илинден. 


Инсталиранa опрема:


Кратер Скопје како водечка македонска компанија за термотехнички инсталации има соработувано со Carrier на многу проекти. Позитивното искуство од квалитетот и сигурноста на опремата беше еден од одлучувачките фактори да се одбере повторно Carrier Toshiba во новиот производствен објект.

Во текот на целиот процес на проектирање и планирање, тимот на Енергија беше вклучен во изнаоѓање најоптимално и енергетски најефикасно решение за греење и ладење, имајќи ги во предвид високите стандарди коишто треба да се исполнат за функционирање на целиот HVAC систем. Пресудно за одлуката беа квалитетот на опремата, локалниот Carrier Toshiba партнер во Македонија, Енергија доо со својата инженеринг и сервисна подршка.