Макпрогрес е успешна интернационална компанија за производство на прехранбени кондиторски производи со седиште во Виница, Македонија. Започнува како мал семеен бизнис уште во 1990 година и има постојан раст во текот на годините. Денес Макпрогрес брои повеќе од 750 вработени и под своја капа има 6 бренда на производи од кои најпознат е Винчини. Извозот е значаен дел од пласманот на производите на Макпрогрес и застапен е во 55 земји од светот. За своите нови производствени погони како и новата административна зграда, по изработен термотехнички проект и детална анализа на различни производители на опрема, Макпрогрес се одлучи довербата да ја довери на Carrier Toshiba и Енергија доо како нивен застапник за Македонија.
Инсталирана опрема:
Најважно во целиот процес на одлука за инвестирање во HVAC опрема за овој објект беше сигурноста, квалитетот и сервисната екипираност за одржување и сервисирање на овој тип на машини. Во текот на целиот процес на проектирање и планирање, тимот на Енергија беше вклучен во изнаоѓање најоптимално и енергетски најефикасно решение за греење и ладење, имајќи ги во предвид високите стандарди коишто треба да се исполнат за функционирање на целиот HVAC систем. Пресудно за одлуката беа квалитетот на опремата, локалниот Carrier Toshiba партнер во Македонија, Енергија доо со својата инженеринг и сервисна поддршка.
Веб страницата www.energija.com.mk користи колачиња со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со Вашето присуство на нашата веб страница се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на колачињата прочитајте ја Политиката за колачиња