Алкалоид АД Скопје е водечка македонска компанија во фармацевстската индустрија и една од водечките во регионот која постои повеќе од 80 години. Моментално се вработени над 2000 луѓе во земјата и преку 600 во странство. Производството на лекови, институтот за развој, центар за контрола на квалитет, одделот билка и магацинот за лекови се објекти кои бараат исклучително стабилна температура во текот на целата година. Нормално сето тоа се постигнува со многу ладилни машини и топлински пумпи на Carrier и Toshiba инсталирани во последните 15 години ....
Инсталирана опрема:
Најважно во целиот процес на одлука за инвестирање во објектите на Алкалоид за HVAC опрема во текот на сите години е сигурноста, квалитетот и сервисната екипираност за одржување и сервисирање. Во текот на целиот процес на проектирање и планирање, тимот на Енергија беше вклучен во изнаоѓање најоптимално и енергетски најефикасно решение за греење и ладење, имајќи ги во предвид високите стандарди коишто треба да се исполнат за функционирање на целиот HVAC систем. Пресудно за одлуката беа квалитетот на опремата, локалниот Carrier партнер во Македонија, Енергија доо со својата инженеринг и сервисна подршка. Целата опрема за ладење и климатизација која е од исклучителна важност за процесот на производство и лагерот на резервни делови и подготвеност на одговор на сервисот.
Веб страницата www.energija.com.mk користи колачиња со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со Вашето присуство на нашата веб страница се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на колачињата прочитајте ја Политиката за колачиња