Од печат излезе книгата „Енергија – Како да се заштеди“, автор д-р Ристо Цицонков, професор на Машински факултет – Скопје, во издание на Енергија доо. Книгата ‘’Енергија – Како да се заштеди’’ е наменета за широк круг на читатели, за раководните луѓе и вработените во фирмите, во институциите, во комерцијалниот сектор и во индустријата, како и за граѓаните кои можат да научат како да се штеди енергијата во домовите. Книгата ќе може да се купи во салонот на Енергија доо или во поголемите книжарници низ земјата.